Инфекциите, кои се нормална појава и кои ги следи зголемената температура, можат да бидат благи, но и по сериозни. Деновиве многу се говори за опасноста од крлежите и комарците и болестите кои тие може да ги пренесат на луѓето и животните. Редовно ги има во пролетните и летните месеци, па затоа и опасноста од нив е поголема во овој период.
Што е Лајмска болест (Lyme disease) и кој ја предизвикува?
Лајмската болест е мултисистемско заболување кое има субакутен и хроничен тек, а го предизвикува бактеријата Borrelia burgdorferi, која ја пренесува крлежот со својот убод на домаќинот. Оваа болест првенствено ја зафаќа кожата, а потоа срцето, зглобовите и централниот нервен систем.
Лајмската болест се манифестира со појава на локален оток и црвенило на местото на убодот и во околината и тоа 3-32 дена по инцидентот.
Локалното црвенило е топло и обично не е болно. Кај 50% од пациенетите идентични промени може да се јават и на други делови од телото, а кај 15% пациенти може да не се јават кожни промени. Освен промените на кожата, може да се јави и покачена температура, треска, малаксаност, главоболка и зголемување на регионалните лимфни јазли.
Доколку болеста не се препознае и не се лекува, после 6-8 недели се развива вториот стадиум на болеста, кој се карактеризира со невролошки симптоми, појава на болки во зглобовите и кардиолошки симптоми.
Третиот стадиум настапува кај нелекувани лица кај кои после десет месеци или повеќе години се развиваат трајни оштетувања на зафатените органи.
Како се поставува дијагноза?
Авицена Лабораторија ви нуди комплетна проценка на вашата здравствена состојба.
Ве информираме дека микробиолошката лабораторија при Авицена Лабораторија во своето портфолио на тестови содржи високоспецифичен, индиректен имунофлуоресцентен тест за детекција на IgG и IgM антитела кон Borrelia Burgdorferi sensu lato од серум (крв).
Потребен примерок: крв
Испитувањето е потребно да се направи 1-8 недели по каснување од крлеж.
Цена: 1500 денари
Oтсега е достапен и тест за молекуларна детекција на Borrelia Burgdorferi sensu lato complex со real-time PCR преку крв, со кој може директно да се докаже присуство на бактеријата Borrelia burgdorferi.
Резултатите се издаваат за 1 ден.
Испитувањето е потребно да се направи 5 дена по каснување од крлеж.
Примерок: крв
Цена: 1950 денари
Лајшманиоза
Лајшманиозата e паразитско заболување што го предизвикува протозоа (едноклеточен паразит) од родот – Leishmania. Се пренесува со каснување на одредени видови на комарци, (кои ги има и кај нас, а се разликуваат од обичните комарци), кои претходно каснале куче кое е заразено од овој паразит. Паразитот го напаѓа одбранбениот систем на организмот и ако не се лекува, може да прерасне во сериозно заболување.
Клиничка слика
Лајшманиозата се карактеризира со симптоми кои на прв поглед се слични со сите други симтоми кои укажуваат на намален имунитет, односно, намален апетит, треска, слабеење, замор, анемија, ранички на местото на каснување од комарецот, омалаксаност и др.
Се презентира во три форми:
· Кутана (кожна)
· Мукокутана (кожно-слизокожна)
· Кала-Азар (со зафаќање на органите)
Годишно во светот заболуваат околу 1,5 милиони луѓе од кожниот облик, и околу 1,5 милиони луѓе од Кала Азар. Времето на инкубација (временскиот период од убодот, до појавата на првите симптоми на болеста), изнесува од 7 дена до неколку месеци за кожната форма, и 10-тина дена до неколку години за висцералната форма – Кала Азар.
Дијагноза
Авицена Лабораторија ви нуди најсовремен тест за дијагностицирање IgG + IgM кон лајшманиоза и разјаснување на имунолошкиот статус. Примерок: крв Цена: 1020 денари