Ви ја претставуваме можноста за самостојно земање примерок за ХПВ тест во домашни услови со Evаlyn brush. За сите оние дами кои сакаат да ја избегнат непријатноста од преглед кај гинеколог, кои немаат време да закажат термин кај својот доктор, но сакаат веднаш да се тестираат за HPV, сега имаат можност лесно, безбедно и едноставно да го направат тестирањето.
Благодарение на уникатниот дизајн на четката Evalyn, се гарантира доволно и точно земање вагинален клеточен материјал со 99.8% точност како примерок земен од страна на доктор/гинеколог. Четката се користи во 53 земји во светот, отсега за првпат и во нашата земја, достапна во Авицена Лабораторија.
Се што треба да направите е да ја посетите најблиската Авицена лабораторија, да го подигнете комплетот Evalyn, да земете примерок сами следејќи ги упатствата и да го донесете за обработка во Авицена Лабораторија. Со направен ХПВ тест во Авицена Лабораторија, можете да откриете 28 типови на ХПВ (19 високоризични типови и 9 нискоризични) да го детектирате вашиот ризик за ракот на грлото на матката во рана фаза, и да побарате навремен третман.
Хуман папиломавирус (ХПВ) е најчеста сексуално пренослива инфекција и водечка причина за рак на грлото на матката кај жените. Инфекциите со ХПВ често се асимптоматски и можат да останат „тивки“ многу години пред да почнат да се манифестираат со било какви симптоми. Ова е особено опасно бидејќи, без да имате било какви симптоми може да настанат промени во вашите цервикални клетки, што може да доведе до рак на грлото на матката.
Најдобар начин за спречување на болеста и рано откривање на ракот на грлото на матката е редовниот скрининг за ХПВ вирус. Прочитајте подетално за Evalyn и разгледајте го упатството за употреба на следниот линк.