Со зголемувањето на температурите расте бројот на стомачни инфекции предизвикани од различни типови на вируси и бактерии.
Најчести симптоми на стомачниот вирус се повраќање и дијареа. Кај некои лица се појавува само дијареа, без повраќање. Фазата на повраќање обично трае само 1 – 3 дена, додека дијареата може да продолжи и 1 до 2 недели. Исто така, може да се појави главоболка, треска и абдоминална болка. Во многу ретки случаи стомачните вируси може да предизвикаат и компликации, особено кај лицата со намален имунитет, како што се мозочни и срцеви заболувања, воспаление на бели дробови итн.
Голем број на вируси можат да предизвикаат стомачен вирус или вирусен гастроентеритис, како што се ротавирусот, аденовирусот, астровирусот, норовирус, итн.
Покрај вирусите, како причинител на гастроентеритис може да бидат и бактерии. Кај децата, бактериите се причина за околу 15 отсто од случаите на гастроентеритис. Најчести видови на бактерии предизвикувачи на гастроентеритис се: ешерихија коли (Escherichia Coli)), салмонела (Salmonella), шигела (Shigella), кампилобактер (Campylobacter).
Доколку храната е контаминирана со бактерии и е оставена на собна температура неколку часа, бактериите ќе се размножат и ризикот од инфекција се зголемува за оние што ќе ја консумираат храната. Некои прехранбени производи што обично се поврзани со оваа болест се сирово или недопечено месо, пилешко, морска храна и јајца, сирови никулци, непастеризирано млеко и младо сирење, овошје и зеленчук, сокови од овошје и зеленчук.
Достапни тестови во Авицена Лабораторија за гастроинтестинални заболувања:
Причинител | Метода | Цена |
ЦЕЛОСЕН ГАСТРОИНТЕСТИНАЛЕН ПАКЕТ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА 17 ПРИЧИНИТЕЛИ НА ГАСТРОИНТЕСТИНАЛНИ ИНФЕКЦИИ (6 ВИРУСИ, 9 БАКТЕРИИ И 2 ГАБИЧКИ) | Мултиплекс Real-Time PCR | Линк. |
ПАНЕЛ ЗА ВИРУСНИ ГАСТРОИНТЕСТИНАЛНИ ПРИЧИНИТЕЛИ: NOROVIRUS G I, NOROVIRUS G II, ROTAVIRUS, ADENOVIRUS, ASTROVIRUS, SAPOVIRUS | Мултиплекс Real-Time PCR | Линк. |
ФЕЦЕС ЗА ROTA VIRUS | Имунохроматографија | Линк. |
ФЕЦЕС ЗА ROTA + ADENO VIRUS | Имунохроматографија | Линк |
ФЕЦЕС ЗА NOROVIRUS | Имунохроматографија | Линк |
ФЕЦЕС ЗА NOROVIRUS + ROTAVIRUS + ADENOVIRUS | Имунохроматографија | Линк |
КОПРОКУЛТУРА | Културелно | Линк. |
РЕКТАЛЕН БРИС | Културелно | Линк. |
ФЕЦЕС/РЕКТАЛЕН БРИС ЗА CANDIDA | Културелно | Линк. |
CLOSTRIDIUM DIFFICILE – ТОКСИН А И Б, ВО ФЕЦЕС | Имунохроматографија | Линк. |
GIARDIA LAMBLIA И CRYPTOSPORIDIUM ВО ФЕЦЕС | Имунохроматографија | Линк. |
CAMPYLOBACTER ВО ФЕЦЕС | Имунохроматографија | Линк. |