fbpx

Самостојно земање примерок за HPV тест со Evalyn brush

Хуман папиломавирус (ХПВ) е најчеста сексуално пренослива инфекција и водечка причина за рак на грлото на матката кај жените. Инфекциите со ХПВ често се асимптоматски и можат да останат „тивки“ многу години пред да почнат да се манифестираат со било какви симптоми. Ова е особено опасно бидејќи, без да имате било какви симптоми може да настанат промени во вашите цервикални клетки, што може да доведе до рак на грлото на матката. Најдобар начин за спречување на болеста и рано откривање на ракот на грлото на матката е редовниот скрининг за ХПВ вирус.

Долготрајната инфекција со високоризичен HPV може предизвика клеточни абнормалности кои на крајот може да резултираат со рак на грлото на матката. Затоа, тестирањето за присуство на HPV е важен начин за превенција на рак на грлото на матката.

Evalyn® brush e стерилно медицинско средство што овозможува земaњe примерок за HPV тест во домашни услови. Користејќи ја Evalyn®Brush, може едноставно и безболно да земете примерок кој понатаму ќе се анализира во нашите лаборатории.

Evalyn®Brush е четка за самостојно земање примерок, долга околу 18 cm и се состои од проѕирен цилиндар со крилца и капаче. Во внатрешноста на проѕирниот цилиндар има розов клип што завршува со бела четка за земање примерок. Крајот на кој се наоѓа четката може да се отвори и да се затвори со розово капаче.

Резултатите од опсежните студии покажуваат дека Evalyn®Brush може да игра важна улога во реализација на успешен скрининг за цервикален карцоном, со 98% со примероците земени од страна на лекар, што ја прави Evalyn®Brush соодветна за примарен скрининг метод.

  1. Подигнете го комплетот Evalyn во некоја од нашите лаборатории
  2. Земете примерок сами следејќи ги упатствата во комплетот
  3. По 24 часа од земање на примерокот, донесете го за обработка во Авицена Лабораторија

Донесениот примерок ќе биде анализиран со помош на Multiplex real-time PCR технологија за високосензитивна и специфична молекуларна детекција и генотипизација на 19 високоризични и 9 нискоризични типови на HPV вирус (Human papillomavirus):

19 ВИСОКОРИЗИЧНИ ТИПОВИ НА HPV (16, 18, 26, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 53, 56, 58, 59, 66, 68, 69, 73, 82)

9 НИСКОРИЗИЧНИ ТИПОВИ НА HPV (6,11, 40, 42, 43, 44, 54, 61, 70)

  • Валидиран во многу студии и различни скрининг програми.
  • Се користи во 53 земји во светот, отсега за првпат и во нашата земја, достапно во нашите лаборатории.
  • Безболно, безбедно и доверливо.
  • Лесно и едноставно за употреба.
  • Благодарение на уникатниот дизајн на четката, се гарантира доволно и точно земање клеточен материјал за обработка на примерокот.

Како да земете примерок сами?

Со направен ХПВ тест со четката Evalyn, можете да го спречите ракот на грлото на матката во рана фаза, да откриете можни високоризични типови на ХПВ и да побарате навремен третман. Evalyn е еден од најсигурните уреди за земање примероци за скрининг за ХПВ во светот, кој е удобен, но подеднакво (99.8%) ефикасен како примерок земен од страна на доктор/гинеколог. Погледнете го:

  1. упатството за употреба на Evalyn®Brush на македонски јазик
  2. упатството за употреба на Evalyn®Brush на албански јазик

Видео туторијал за користење на Evalyn®Brush

  • Не користете ја Evalyn®Brush ако пакувањето е оштетено или ако е изминат рокот на употреба.
  • Не користете ја Evalyn®Brush за време на менструален циклус. Почекајте вашиот циклус да заврши.
  • Не користете ја Evalyn®Brush за време на бременост или во првите три месеци по завршувањето на бременоста.
  • Не користете вагинални производи барем два/три дена пред употребата на Evalyn®Brush.
  • Вагинални контрацепциски средства, кондоми и лубриканти врз база на вода може да се користат вообичаено.
  • Evalyn®Brush е само за еднократна употреба. Повторната употреба може да резултира со инфекција и/или неправилна дијагноза.
  1. Темелно измијте си ги рацете пред употреба.
  2. Отстранете ја Evalyn®Brush од пакувањето. Не фрлајте го пакувањето, бидејќи е неопходно за праќање на примерокот во лабораторија.
  3. Притиснете ги страните на розовото капаче со палецот и показалецот за да го извадите капачето. Внимавајте да не го допирате со раце горниот бел дел на четкичката (над крилцата)!
  4. Заземете удобен став и стоечка позиција слично како при ставање вагинален тампон.
  5. Раширете ги срамните усни со едната рака, а со другата вметнете ја четката во вагината сè додека крилцата не ги допрат усните.
  6. Со едната рака држете го проѕирниот цилиндар, а со другата рака турнете го розовиот клип во правец навнатре. Ќе слушнете „клик“ кога четката е во вистинската позиција.
  7. Розовиот клип завртете го петпати во иста насока. По секое завртување ќе слушнете „клик“. Ова ќе ви помогне да ги изброите завртувањата. Откако ќе ги направите сите 5 завртувања, внимателно отстранете ја Evalyn®Brush од вагината.
  8. Држете го проѕирниот цилиндар со едната рака, а со другата рака повлечете го розовиот клип сè додека белата четка целосно не навлезе во проѕирниот цилиндар. Додека го правите ова, не допирајте го врвот на четката над крилцата.
  9. Држете го проѕирниот цилиндар со цел четката да не излезе повторно. Ставете го розовото капаче со палецот и показалецот. Ќе слушнете „клик“ кога капачето е во правилна позиција.
  10. Вака затворената Evalyn®Brush вратете ја во пакувањето.
  11. Пакувањето заедно со Evalyn®Brush ставете го во ќесето што го добивте во комплетот. Чувајте го примерокот на собна температура.
  12. Внесете ги вашите лични податоци во изјавата/формуларот и однесете го примерокот во лабораторијата.*Времето од земање на примерокот до прием во лабораторија да не е подолг од 24 часа.

Напомена: За сите наши пациенти кои преферираат да донесат примерок земен од страна на доктор/гинеколог можат тоа да го направат на сите наши локации во текот на целото работно време. Самостојното земање примерок во домашни услови со Evalyn®Brush е дополнителна уште една олеснителна опција за тестирање за ХПВ вирус.

Цена на тестирањето: 3100 денари

Време на издавање резултати: 48 часа