fbpx

Evalyn brush – упатство за употреба

Како изгледа Evalyn®Brush?

Evalyn®Brush е четка за самостојно земање примерок, долга околу 18 cm и се состои од проѕирен цилиндар со крилца и капаче. Во внатрешноста на проѕирниот цилиндар има розов клип што завршува со бела четка за земање примерок. Крајот на кој се наоѓа четката може да се отвори и да се затвори со розово капаче.

Инструкции за самостојно земање примерок

Evalyn®Brush е стерилно медицинско средство што ви овозможува да земете примерок во домашни услови. Користејќи ја Evalyn®Brush, може едноставно и безболно да земете вагинален клеточен материјал што понатаму се анализира во дијагностичка лабораторија.

НАПОМЕНА:

  • Не користете ја Evalyn®Brush ако пакувањето е оштетено или ако е изминат рокот на употреба.
  • Не користете ја Evalyn®Brush за време на менструален циклус. Почекајте вашиот циклус да заврши.
  • Не користете ја Evalyn®Brush за време на бременост или во првите три месеци по завршувањето на бременоста.
  • Не користете вагинални производи барем два/три дена пред употребата на Evalyn®Brush.
  • Вагинални контрацепциски средства, кондоми и лубриканти врз база на вода може да се користат вообичаено.
  • Evalyn®Brush е само за еднократна употреба. Повторната употреба може да резултира со инфекција и/или неправилна дијагноза.
  1. Темелно измијте си ги рацете пред употреба.
  2. Отстранете ја Evalyn®Brush од пакувањето. Не фрлајте го пакувањето, бидејќи е неопходно за праќање на примерокот во лабораторија.
  3. Притиснете ги страните на розовото капаче со палецот и показалецот за да го извадите капачето. Внимавајте да не го допирате со раце горниот бел дел на четкичката (над крилцата)!
  4. Заземете удобен став и стоечка позиција слично како при ставање вагинален тампон.
  5. Раширете ги срамните усни со едната рака, а со другата вметнете ја четката во вагината сè додека крилцата не ги допрат усните.
  6. Со едната рака држете го проѕирниот цилиндар, а со другата рака турнете го розовиот клип во правец навнатре. Ќе слушнете „клик“ кога четката е во вистинската позиција.
  7. Розовиот клип завртете го петпати во иста насока. По секое завртување ќе слушнете „клик“. Ова ќе ви помогне да ги изброите завртувањата. Откако ќе ги направите сите 5 завртувања, внимателно отстранете ја Evalyn®Brush од вагината.
  8. Држете го проѕирниот цилиндар со едната рака, а со другата рака повлечете го розовиот клип сè додека белата четка целосно не навлезе во проѕирниот цилиндар. Додека го правите ова, не допирајте го врвот на четката над крилцата.
  9. Држете го проѕирниот цилиндар со цел четката да не излезе повторно. Ставете го розовото капаче со палецот и показалецот. Ќе слушнете „клик“ кога капачето е во правилна позиција.
  10. Вака затворената Evalyn®Brush вратете ја во пакувањето.
  11. Пакувањето заедно со Evalyn®Brush ставете го во ќесето што го добивте во комплетот. Чувајте го примерокот на собна температура.
  12. Внесете ги вашите лични податоци во изјавата/формуларот и однесете го примерокот во лабораторијата.*Времето од земање на примерокот до прием во лабораторија да не е подолг од 24 часа.

упатството за употреба на Evalyn®Brush на македонски јазик

ПРИМЕРОКОТ ДОНЕСЕТЕ ГО НА НЕКОЈА ОД СЛЕДНИТЕ ЛОКАЦИИ:

ЛОКАЦИЈА 1

НАСЕЛБА ТАФТАЛИЏЕ

Бул. „8-ми Септември“ бр. 2, лок. 1, 1000 Скопје email: lab@avicenalab.com.mk

ЛОКАЦИЈА 2

НАСЕЛБА АЕРОДРОМ

Бул. „Јане Сандански“ бр. 13-1/A 1000 Скопје email: lab2@avicenalab.com.mk

ЛОКАЦИЈА 3

НАСЕЛБА КИСЕЛА ВОДА

Ул. „Мариовска“ бр.2-А, 1000 Скопје email: lab4@avicenalab.com.mk

ЛОКАЦИЈА 4

TEТОВО

Ул. „Благоја Тоска“ бр. 222, 1200 Teтово email: labtetovo@avicenalab.com.mk