fbpx

15% ПОПУСТ НА СИТЕ АЛЕРГОТЕСТОВИ ВО МЕСЕЦ АПРИЛ

Почитувани,

Ве информираме дека Авицена Лабораторија обезбеди 15% ПОПУСТ НА СИТЕ АЛЕРГОТЕСТОВИ ВО ТЕКОТ НА МЕСЕЦ АПРИЛ.

Утврдување на причинителот на секое заболување е најважниот фактор за успешно лекување и за здравјето на пациентот.

Кога се работи за алергија, идентификацијата на причинителот на алергијата е клучна за третманот на пациентот.

Во Авицена Лабораторија можете да направите најсовремени квантитативни алерготестови преку крв од врвен германски производител. Станува збор за готови панели (инхалаторен, нутритивен, педијатриски, комбиниран и посебно прилагодени за нашето поднебје) за брза и прецизна детекција на 20 алергени одеднаш

Зошто тестирање преку крв?

►    Тестирањето е лесно и едноставно за изведба и се прави со обично земање венска крв.

►    Резултатите кои се добиваат директно укажуваат на тоа дали се работи за алергија или не, и точно го идентификуваат предизвикувачот на алергиската реакција.

►    При тестирање преку крв нема внесување алергени, со што се избегнува ризикот од анафилактична или други несакани реакции.

►    Тестирањето може да се прави во секоја возраст, кај доенчиња, деца и возрасни.

►    Нема потреба од прекин на терапија (антихистаминска или друга терапија)

Добиениот резултат е точен, прецизен и веродостоен на вистинското случување во организмот.