fbpx

Се одржа 13-тата „Авицена женска трка“ во Скопје – Симбол за мотивација и успех

Со срце полно благодарност и восхит, ви се заблагодаруваме на сите прекрасни дами што учествувавте на вчерашната Авицена Женска Трка 2025! 💖 Вашата енергија, сила и насмевки ја направија оваа трка повеќе од спортски настан – ја претворија во вистинска прослава на женственоста, храброста и солидарноста. Ви благодариме што заедно со нас ја истрчавте оваа патека со љубов, мотив и инспирација. Вие сте нашата сила! 🏃‍♀️🌸

Во неделата се одржа 13. издание на „Авицена Женска Трка“ во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје. Стартот на кружната трка во должина од 3 километри беше во 10.00 часот од булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, се одржа загревање со аеробик вежби. Приближно 3000 учеснички беа пријавени во трката, распределени во девет старосни категории.

По истрчаните 3 километри беа прогласени најдобрите, а потоа следуваше доделување подароци на добитничките, обезбедени од партнерите на трката. Најсреќните беа извлечени во лотаријата што се одржа ден претходно (сабота, 12 април), во која учествуваа сите стартни броеви на натпреварувачките.

Оваа трка веќе тринаесет години по ред претставува симбол за мотивација и успех, за постигнати резултати и поставени нови цели, како и за здрав и правилен животен стил. Организаторите информираа дека и оваа година имаше голем број пријавени, а на сите учеснички им посакаа среќа.

Со љубов,
Ваша Авицена Лабораторија