Авицена Лабораторија на Health Innovation Expo 2025

Со особена чест и гордост, Авицена Лабораторија беше дел од првото издание на Health Innovation Expo 2025, кое се одржа на 08–09 ноември 2025 година во Hotel Aleksandar Palace во Скопје, во организација на Комора на приватно здравство.

Како еден од најзначајните настани од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата во последните две децении, саемот претставуваше вистинска платформа за размена на знаење, иновации и визија за иднината на здравството.

Нашето учество

Авицена Лабораторија се претстави со промотивен штанд, каде ги презентиравме:

Нашите современи лабораториски услуги

Напредните дијагностички решенија

Посветеноста кон дигитализација и иновативни пристапи

Континуираниот фокус на квалитет, точност и доверба

Настанот беше одлична можност за директна комуникација и вмрежување со лекари, стоматолози, фармацевти и здравствени професионалци од приватниот и јавниот сектор.

Health Innovation Expo 2025 стави акцент на технолошките иновации, вештачката интелигенција и телемедицината – теми кои активно го обликуваат современото здравство.

Како лабораторија која постојано инвестира во нови технологии и модернизација на процесите, со задоволство бевме дел од настан што ја промовира дигиталната трансформација и напредокот во клиничката пракса.