За нашиот тим од ПЗУ Авицена Лабораторија беше вистинска привилегија да биде дел од настан организиран во Амбасадата на САД во Скопје, посветен на здравјето и превентивата.
Нашиот д-р Тодор Илиев сподели корисни совети за одржување и унапредување на здравјето, како и значењето на редовните лабораториски контроли, со вработените во Амбасадата. Посетата овозможи квалитетен и директен дијалог за актуелни здравствени теми меѓу нашиот стручен тим и тимот на Амбасадата.
Ваквите настани претставуваат поттик за зајакнување на свеста за важноста на превентивните прегледи и за градење партнерства кои придонесуваат кон подобро здравје.
Голема благодарност до Health Unit-от и тимот на Амбасадата на САД за укажаната доверба и можноста да бидеме дел од вакви иницијативи.




