Авицена Лабораторија во соработка со иницијативата „Мрдни со прст“ беше дел од најмасовниот донаторски хепенинг под мотото „Нахрани 10.000“. Тимот на Авицена Лабораторија се вклучи во оваа хумана иницијатива со донирање на прехрамбени производи наменети за најранливите категории на граѓани.
Авицена Лабораторија секогаш ги подржува и охрабрува ваквите акции со желба да им се помогне на оние на кои што им е најпотребно.


