fbpx

Авицена Лабораторија – генерален спонзор на овогодинешната петта по ред ЖЕНСКА ТРКА

Со задоволство Ве информираме дека Авицена Лабораторија е генерален спонзор на овогодинешната петта по ред ЖЕНСКА ТРКА, како дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски Маратон, која ќе се одржи на 09.04.2017 година во Градски парк.

Женската трка секоја година зема поголем замав и станува значаен настан за подигање на свеста за здрави навики и унапредување на здравјето.

Низ годините бројот на жени учесници постојано се зголемува, а оваа година се очекува да учествуваат над 1000 жени.

Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женската трка 2017 може да се направи преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон www.zenskatrka.mk