Почитувани,
Ни претставува задоволство да Ве информираме дека на ден 23.11.2016 год., ПЗУ Авицена Лабораторија организираше стручен состанок на тема „Новитети во лабораториската медицина“. Состанокот се одржа во х.Александар Палас – Скопје и на истиот беа одржани следните предавања:
› Клиничко значење на имунолошки одговор со IgE и IgG антитела- алергија или интолеранција? д-р Бранко Јагликовски, спец.по мед.биохемија
› Нови аспекти во утврдување на резистенција на антибиотици на најчестите уринарни бактериски изолати д-р Иванка Хаџи-Петрушева Мелоска, спец. по микробиологија и ПАРАЗИТОЛОГИЈА
› Авицена Лабораторија-квалитетот како врвен приоритет и имплементација на стандарди во лабораториската пракса д-р Даниела Наунова Спироска
Состанокот беше акредитиран и категоризиран според правилникот на Лекарска Комора на РМ и МЛД како стручен состанок и носеше соодветен број на поени.
По завршување на работниот дел, дружењето продолжи со коктел.
Би сакале да ја изразиме нашата благодарност за покажаниот интерес и досегашната успешна заедничка соработка
Горди сме што низ годините успеавме да поставиме стандарди за ефикасна и квалитетна лабораториска услуга во Македонија. И во иднина ќе продолжиме да работиме и да ги следиме светските трендови за да им понудиме најдобра грижа на сите наши пациенти. Највисока оцена на нашиот труд претставува токму нивната доверба. Тоа е најдобар мотив да работиме уште подобро и секогаш да се стремиме кон нови успеси.