fbpx

Авицена Лабораторија повторно дел од најголемиот донаторски хепенинг под мотото „Нахрани 10.000“

Веќе четврта година по ред ја остваруваме нашата општествено одговорна должност и сме дел од најголемиот донаторски хепенинг под мотото „Нахрани 10.000“ организиран од страна на Сите сити и асоцијацијата Ајде Македонија. 

Сите сити и асоцијацијата Ајде Македонија донираната храна ќе ја распределат до семејствата и поединци на кои им е најмногу потребна.

Започнувајќи од 2016 па се до денес, оваа донација на храна за нашата компанија прерасна во традиција која има единствена цел, да помогне таму каде што е најмногу потребно. Им благодариме на организаторите на можноста да бидеме дел од една ваква иницијатива и ги повикуваме сите хумани граѓани и компании да се приклучат.