fbpx

Авицена Лабораторија се приклучи на хуманитарната иницијатива „Биди и ти нечиј Дедо Мраз“

Авицена Лабораторија се приклучи на хуманитарната иницијатива „Биди и ти нечиј Дедо Мраз, бидејќи празниците се за секого“, организирана со цел да се исполнат дел од новогишните желби на децата од одделот за онкологија и хематологија на Клиниката за Детски Болести, како и да се обезбедат сите потребни играчки за одделот каде што одат на вежби децата со аутизам на Клиниката за Детски Болести во Скопје.

Авицена Лабораторија како општествено одговорна компанија и понатаму ќе продолжи да ги поддржува ваквиот тип на хуманитарни настани со надеж дека барем дел од детските желби ќе бидат исполнети.