Во периодот од 03 – 06.10.2019 година во Хотел Дрим, Струга се одржа Интернационална конференција за квалитет во лабораториска медицина во организација на Здружение на Медицински Лаборанти, Клинички Центар – Скопје.
Овој настан понуди богата и разновидна програма, поделена помеѓу поканети предавања и паралелни усни и постер сесии, како и технички демонстрации и презентации на најновите вести и новини од лабораториската медицина.
Во оваа прилика, Авицена Лабораторија зема активно учество со две постер презентации на тема „Генетска дистрибуција на високо и ниско ризични типови хуман папилома вирус кај жени во репродуктивен период“ – Матилда Танеска и „Immunoglobulin G – Маркер за интолеранција на храна“ – Наташа Димиќ. Постер презентацијата на наше задоволство беше прогласена за најдобра на овогодинешниот настан.
Како и секогаш, дружењето и забавата беа неизоставен дел и од овој настан.





