fbpx

Авицена Лабораторија со учество на хуманитарната трка „Run For Down“

Со својот најмногуброен тим Авицена Лабораторија учествуваше и даде поддршка на хуманитарната трка „Run For Down“ организирана во чест на децата со Даунов Синдром.

Трката се одржa на 24.05.2019 година по четврти пат, а собраните средства ќе бидат наменети за доопремување на Дневниот центар за лица со Даунов синдром

Целта на трката е подигање на свеста во општеството, прифаќање на лицата со попреченост и препознавање на нивните способности. Децата со Даунов синдром и нивните другарчиња трчаа, рушејќи ги бариерите и докажувајќи дека сите спортисти имаат една заедничка цел, а тоа е да имаат еднаков пристап до спортот.