fbpx

Авицена Лабораторија со учество на Првата Балканска школа и Втора школа за педијатри во Македонија со меѓународно учество

Во периодот од 12-15.09.2018 година во хотел Александар Палас се одржа Првата Балканска школа и Втора школа за педијатри во Македонија со меѓународно учество.

Авицена Лабораторија учествуваше со изложбен штанд, на кој сите присутни имаа можност да се запознаат со најновите дијагностички тестови и методи насочени за превенција, унапредување на здравјето и навремено дијагностицирање на различни заболувања.