Почитувани,
Во периодот од 22-24 Септември 2017 год. во Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ), Скопје се одржа Вториот Симпозиум „Новини во алергологијата и имунологијата 2017“ со меѓународно учество.
Авицена Лабораторија учестуваше на овој Симпозиум со изложбен штанд на кој беа презентирани најсовремени тестови, за брза, презицна и точна алергодијагностика како и други специфични лабораториски анализи.
