Почитувани, Ве информираме дека на ден 05.06.2018 година, во хотел Александар Палас, Авицена Лабораторија одржа стручен состанок на кој присуствуваа над 150 лекари од примарната здравствена заштита и лекари специјалисти. На состанокот беа промовирани сите генетски тестови поврзани со различни мутации на гени и заболувања кои ексклузивно се достапни во Авицена Лабораторија и предизвикаа посебен интерес кај присутните. Ваквиот револуционерен тип на генетски тестирања овозможува примена на т.н. персонализирана медицина – процедура кога во зависност од генетските информации добиени за одреден пациент, се донесуваат одлуки за превенција, дијагноза и третман – наменети лично за секој пациент. Посебен акцент на предавањето беше ставен и на континуираната контрола на квалитет која ја спроведува Авицена Лабораторија во сите фази на лабораториско работење, како одговор на сите национални, европски и меѓународни стандарди за вршење специфична лабораториска дејност, како дополнителна гаранција за точен и прецизен резултат.
Состанокот беше акредитиран и категоризиран според правилникот на Лекарска Комора на РМ и МЛД како стручен состанок и носеше соодветен број на поени. По завршување на работниот дел, дружењето продолжи со пригоден коктел.
Тимот на Авицена Лабораторија ја изразува својата благодарност до сите присутни за покажаниот интерес и досегашната успешна соработка.















