fbpx

Авицена Женска Трка се одложува за 6-ти Септември 2020 година

Ве информираме дека Авицена Женска Tрка 2020, која што е симбол за подигање на свеста за здрави навики и унапредување на здравјето, согласно сите препораки и мерки од надлежните институции за превенција од ширење на COVID-19, се одложува за 6 Септември 2020.

Сите пријави остануваат важечки и се префрлаат за новиот датум, а доколку некоја учесничка не може да учествува на тој датум ќе добие маил со инструкции за тоа кои опции ќе бидат во можност. 

Пријавувањето останува отворено до 31 Август 2020. Исто така, сеуште остануваа можноста и за купување на dry-fit маицата со логото на трката. Со продажбата на маиците, 100 денари од секоја продадена маица одат за Интервентниот женски фонд на Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство.

Во меѓувреме сите заедно да ги следиме и почитуваме препораките и мерките од надлежните институции, со надеж и желба за побрзо надминување на настанатата ситуација.