Со задоволство Ве информираме дека традиционално, и оваа година, Авицена Лабораторија е насловен спонзор на осмата по ред АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА, која ќе се одржи на 05.04.2020 година во Градски парк.
Пријавувањето за трката е започнато и истото може да се направи на следниот линк:
Настан АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА 2020
Датум 05.04.2020
Почеток 09:30
Локација Градски Парк, Фонтана Лотус, бул.Илинден, Скопје
Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување.
ПРОГРАМА
Настанот е предвиден да се одржи по следниот редослед:
09.30 – Аеробик вежби за загревање
10.00 – Старт на трка на 3км
10.40 – Вежби за истегнување и релаксација
10.55 – Прогласување на најдобрите
11.10 – Лотарија
КАТЕГОРИИ
до 12 години
до 14 години
до 18 години
до 30 години
до 40 години
до 50 години
50+ години
ОПИС НА ПАТЕКАТА
Стартот и целта ќе бидат на бул.Илинденска пред Фонтана Лотус и ќе се трча еден круг од 3 км на бул. Илинденска.
Патеката ќе биде обезбедена и обележена и ќе има поставено волонтери, а на 1,5 км ќе има и контролна точка за чиповите.