fbpx

Целосно нов и посебен простор за тест за COVID-19

Ве информираме дека од денес, 16 Септември 2020г., во Авицена Лабораторија ќе биде ставен во функција комплетно нов, посебен простор за земање примероци за тест за COVID-19. 

Овој простор за прием на пациенти и земање примероци за тест за COVID-19 е целосно физички одвоен од постоечкиот влез на лабораторијата и постоечката чекалница. 

Истовремено, трикратно се зголемува и капацитетот за изработка на тестови за COVID-19 на дневно ниво, бидејќи лабораторијата е во фаза на инсталација на дополнителна високософистицирана опрема за целосна автоматска изработка на Real-time PCR тестови. На овој начин, ќе се намали и времето за закажување и добивање резултат.

Како приватна здравствена установа уште од самиот почеток на оваа пандемија, преземавме одговорност пред граѓаните и општеството активно да се вклучиме во борбата против оваа пандемија. Тоа нè обврзува активно да ги ставаме на располагање сите наши ресурси, искуство и знаење, со цел подобро да се справиме со ситуацијата и да им помогнеме на нашите клиенти.

Сите редовни пациенти, ќе се примаат преку ВЛЕЗ 1 – досегашниот постоечки влез на лабораторијата. Просторот за прием и чекалницата се реновирани и повторно преуредени за сите наши клиенти и пациенти, за сите видови лабораториски услуги. Во овој дел нема да се врши прием на пациенти за тест за COVID-19.

Приемот на пациенти за тест за COVID-19, ќе се одвива во новиот одвоен дел преку  ВЛЕЗ 2, кој се наоѓа веднаш до влезот на хотелот „ТЦЦ Гранд Плаза”, ориентиран кон бул.„8 Септември”.

Закажувањето за тест за COVID-19 се врши на тел.  071/278-529, 078/218-731, 071/269-623; 072/319-850