fbpx

Децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ во посета на Авицена лабораторија

Дечињата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ ја посетија Авицена лабораторија.

Како дел од програмата за запознавање со идните професии, внимателно слушаа додека стручниот тим ги запознавање со работата во една лабораторија.

Детското катче им остави посебен впечаток, каде низ игри, со насмевка и пријателско расположение ни ги раскажуваа сопствените сонови. А секој нивни сон е толку скромен колку невиниот поглед. Секој од нас може да помогне за да го направи нивниот живот поубав, нивните лица посреќни. Потребно е малку, за да направиме многу.