Дечињата од Меѓунaродната градинка St. Paul ни го разубавија денот со својата посета во Авицена лабораторија.
Стручниот тим на Авицена им посака топло добредојде. Додека внимателно слушаа и ја разгледуваа нашата лабораторија тимот се погрижи на начин соодветен на возраста да го презентира секој сектор поединечно и да ги запознае дечињата со работата во една лабораторија.
Децата полни со импресии и впечатоци, а некои од нив и со желба да се најдат во белиот мантил, на крај од посетата се препуштија на игрите, дружбата и забавата кои ги нуди нашето Детско катче.




