fbpx

Дури 3.420 учеснички на „Авицена женска трка“

Денеска се одржа 12. издание на „Авицена женска трка“. Овогодинешното издание беше најмасовно досега, со најголем број на учеснички, 3.420 припаднички на женскиот пол застанаа на стартната линија.

Учесничките на трката беа поделени во девет категории, а со најдобар резултат заврши Теа Божиновска, која е дел од атлетскиот клуб „Скопски маратон“. Резултатите ќе бидат споделени на следниот линк: https://tagtiming.mk/.

Трката беше во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје.

Организаторите на настанот им искажуваат голема благодарност на сите учеснички на „Авицена женска трка“ и велат дека без нив ова издание немаше да биде толку динамично, енергично и масовно, со надеж дека следната година ќе бидат во уште поголем број.