Почитувани,
Со задоволство Ве информираме дека од ден 27.06.2016 год., во Авицена Лабораторија почна да се работи нова анализа:
Аnti-TG Ab – тест за квантитативно определување на антитела кон тиреоглобулин
* Метод: ензимски амплифицирана хемилуминисценција
* Цена: 1.100,00 ден.
Антителата кон тиреоглобулинот се многу често присутни кај автоимуни заболувања на тиреоидната жлезда. Повисоки концентрации од овие антитела се среќаваат кај 35-80% од пациентите со Graves-oва болет и Hashimoto тиреоидит.
Anti-TG Ab тестот, заедно со останатите тестови, се користи во дијагноза на автоимуни заболувања на тиреоидната жлезда.
За какви било дополнителни информации или прашања, слободно контактирајте нѐ на нашите телефони 02/3079-700 или посетете ја www.avicenalab.com.mk.
Со почит,
Тимот на ПЗУ Авицена Лабораторија