fbpx

Мапа: Авицена Женска трка 2023

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје на 9 април 2023 ќе се одржи  11. издание на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.
Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст.

Патека

Старт и цел на трката ќе бидат на бул. Илинденска, во близина на фонтана Лотос,  се трча еден круг од 3 км.

Програма

Настанот е предвиден да се одржи по следниот редослед:
• 09.40 – Аеробик загревање заедно со Јасна Лековска – TRINITY
• 10.00 – Старт на трка на 3км
• 10.45 – Прогласување на најдобрите
• 11.00 – Лотарија

По прогласувањето на најдобрите, следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички. Подароците ќе бидат обезбедени од партнерите на трката.

Котизација

• до 08.03.2023 / 300 денари 
• до 04.04.2022 / 350 денари

Рокот за пријавување е и рок за уплата на котизацијата. 

Пријавете се до 30 март 2023 и вашето име ќе биде испишано на стартниот број.
Рокoт за пријавување трае најдоцна до 4 април 2023. На денот на трката не е можно пријавување.

Подигнување на стартните броеви ќе биде на 7 и 8 април, а локацијата ќе биде дополнително објавена.

НАПОМЕНА:  Во случај на презакажување на трката заради било какви причини уплатените средства не се рефундираат, пријавата ќе важи за следната трка.

Стартен пакет

• стартен број со чип
• дигитален стартен пакет
• вода
• учество во лотарија
• осигурување
• подароци од спонзорите

Подигнување на стартните броеви ќе биде на 7 и 8 април, локацијата ќе биде дополнително објавена.
Подигнувањето на стартниот пакет мора да биде направено лично од секоја учесничка.

Маица – дополнителен продукт

При процесот на регистрација како дополнителен продукт може да купите и драј фит маица со логото на трката. 

Цената на драј фит маицата е 500 ден. и истата ќе може да се купи најдоцна до 10 март 2023 при процесот на регистрација.

Доколку не сте ја купиле маицата при процесот на регистрација тоа може да го направите и дополнително преку пополнување на формуларот доколку кликнете тука

Награди

По завршувањето на трката ќе има лотарија и прогласување на најдобрите. 
Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три (според Chip Time) по возрасни категории.

По прогласувањето на најдобрите, следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички. Подароците ќе бидат обезбедени од партнерите на трката. Доколку при извлекувањето на среќните броеви добитникот не е присутен, ќе се извлекува нов среќен број, се додека не се додели наградата на некој од присутните.

Категории

• до 12 години
• до 14 години
• до 18 години
• до 30 години
• до 40 години
• до 50 години
• 50+ години

Услови за учество во трката

На следниов линк се наведени условите за учество кои се составен дел од вашата пријава и кои ги прифаќате при регистрација за трката. Ве молиме прочитајте ги пред да направите пријава
https://zenskatrka.mk/uslovizaucestvo/