Во сезоната на респираторни инфекции, од огромна важност е навремена дијагноза и точна идентификација на причинителот на секое респираторно заболување, вклучувајќи го и заболувањето COVID-19, кое има многу слични симптоми со сезонскиот грип.
Во Авицена Лабораторија е достапен високоспецифичен молекуларен мултиплекс Real-Time PCR тест за истовремена детекција, идентификација и диференцијација помеѓу новиот коронавирус SARS-CoV-2 (COVID-19) и сезонски грип.
Со само еден примерок (брис од грло и нос) се врши истовремена детекција и диференцијација помеѓу:
– SARS-CoV-2 (COVID-19)
– Вирус на грип А и Б (Influenza A/ Influenza B)
– Респираторен синцицијален вирус (RSV)
ЦЕНА: 3000 денари
Tестот е достапен во лабораторијата во Скопје, населба Тафталиџе (бул. 8ми Септември бр.2) и Тетово (ул. Благоја Тоска бр.222).
Можете да го закажете вашиот термин на телефонските линии:
071/278-529
078/218-731
071/269-623
072/319-850