Почитувани,
Со задоволство Ве информираме дека од ден 22.11.2017 год., во Авицена Лабораторија почна да се работи нова анализа:
ГЕНЕТСКО ТЕСТИРАЊЕ ЗА ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ЛАКТОЗА
* Метод: PCR-реверзна хибридизација
Тестот врши идентификација на два полиморфизми лоцирани на интрон 9 (С/Т13910) и 13 (G/A 22018) на MCM6 генот, кои се поврзани со перзистенција на лактазната активност кај возрасни и деца над 5 години.
* Значење на тестот:
Лицата со интолеранција на лактоза не се во можност целосно да го дигестираат шеќерот лактоза во млекото.
Причина за ова е дефицит на ензимот лактаза – ензим кој се лачи во тенкото црево. Вообичаено, лактозата во тенкото црево се разградува на два прости шеќери – глукоза и галактоза. Во случај со дефицит на лактаза, лактозата преминува во дебелото црево неразградена, таму реагира со нормално-присутната бактериска флора и предизвикува симптоми. Лицата со ваков дефицит, 30 минути до 2 часа по внесувањето на млечните производи, чувствуваат подуеност и нелагодност во стомакот, лошо дефинирана болка во стомакот, гасови, проливи и др.симптоми како постојан замор, слаба концентрација, главоболка и сл., при што интензитетот на симптомите зависи од количината на млечниот производ кој е внесен.
* Цена на тестот: 2.690,00 ден.
* Потребен примерок: минимуm 1 ml EDTA или цитратна полна крв
За какви било дополнителни информации или прашања, слободно контактирајте нѐ на нашите телефони 02/3079-700 или посетете ја www.avicenalab.com.mk.
Со почит,
Тимот на ПЗУ Авицена Лабораторија