fbpx

НОВО! Генетски тест за тромбоза – истовремена детекција на 6 полиморфизми на гените за FACTOR V, FACTOR II и MTHFR

Почитувани,

Ве информираме дека почнувајќи од 22.06.2018 год.,во Авицена Лабораторија е достапна следната анализа:

ГЕНЕТСКИ ПАНЕЛ ЗА ТРОМБОЗА – Real-Time PCR ТЕСТ ЗА ИСТОВРЕМЕНА ДЕТЕКЦИЈА НА 6 полиморфизми на гените за FACTOR V, FACTOR II и MTHFR

Значење на тестот:

Мутациите во Factor V Leiden, Factor II и MTHFR гените предизвикуваат различни форми на тромбофилија – состојба на зголемена тендеција на создавање абнормални тромби во крвните садови.

Лицата со мутација на некој од наведените гени имаат поголеми шанси да развијат длабока венска тромбоза или пулмонална емболија, како и зачепување на кој било крвен сад во организмот. Полиморфизми на овие гени се ризик фактори за најразлични состојби и заболувања, како срцеви заболувања, мозочен удар, висок крвен притисок, прееклампсија кај трудници, глауком и др.заболувања.

Тромбофилиите се исто така поврзани со зголемен ризик за спонтан абортус. Жените кај кои имаат ваков тип мутации имаат 2-3 пати поголем ризик за повторувачки спонтани абортуси.

Потребен примерок: полна крв

Метод: Real-Time PCR

Цена на тестот: 2.900,00 ден.

Со почит,

Тимот на ПЗУ Авицена Лабораторија