fbpx

Ново! Поединечни тестови за детекција на грип во Авицена Лабораторија

Грипот е акутно заболување на дишните патишта, предизвикано од вирусите на инфлуенца тип А и Б, кое најчесто се јавува во зголемен број или во епидемиска форма во текот на зимскиот период. Во овој период, чести се и инфекциите со други респираторни вируси кои имаат исти или слични симптоми со грипот.

Вирусот на грип ги зафаќа и возрасните и децата и многу лесно се пренесува од ифницираните лица преку секрети со кивање и кашлање.

Болеста вообичаено почнува нагло и најчесто се манифестира со малаксаност, надразливо чувство во грлото и сува кашлица, затнат нос, висока температура, трески, главоболка, болки во мускулите и коските. Сите наведени симптоми обично ги снемува за 2-7 дена, единствено кашлицата може да трае и по неколку недели.

Во пракса, тешко може да се направи разлика дали се работи за грип или обична настинка само врз база на симптоматологијата, ако не се направи лабораториска, т.е микробиолошка потврда на причинителот на заболувањето.

Во Авицена Лабораторија се достапни најсовремени поединечни тестови, со техника на индиректна имунофлуоресценција, за брза и прецизна детекција на вирусот на грип:

Тест за Influenza А IgM – 500,00 ден.

Тест за Influenza B IgM – 500,00 ден.

Пакет тест за Influenza A + B IgM – 850,00 ден.

Потребен примерок: полна крв (венска или капиларна крв)