Почитувани,
Со задоволство Ве информираме дека од денеска во Авицена Лабораторија почна да се работи нова анализа:
TOXOPLASMA IgG AVIDITY TEST
* Метод: VIRCLIA индиректна хемилуминисценција
* Значење на тестот:
Toxoplasma gondii претставува облигаторен интрацелуларен паразит со кој човекот може да се зарази со јадење на инфицирано месо, преку ингестија на ооцисти од измет од мачки, in utero или со трансфузија/трансплантација од инфицирано лице.
Инфекцијата за време на бременост може да биде со сериозни последици, кои доведуваат до спонтан абортус, хидроцефалус, разни невролошки и др. аномалии кај плодот.
IgM антителата се јавуваат 5 дена по инфекцијата и постепено се намалуваат во рок од неколку недели или месеци.
IgG антителата се јавуваат неколку недели после инфекцијата и ги има доживотно.
Заради тоа, тестот за Тоxoplasma IgG авидитет може да помогне во серoлошката дијагноза на примарната инфекција и одредување дали се работи за мината или скорешна инфекција. Авидететот на IgG e низок на почетокот на инфекцијата и постепено за зголемува со текот на времето.
Интерпретација на резултатот:
Резултат (индекс) | Интерпретација |
< 0.4 | Низок авидитет |
0.4-0.5 | Интермедиерен авидитет |
› 0.5 | Висок авидитет |
Авидитет под 0.4 оди во прилог на скорешна примоинфекција, во последните 4 месеци.
Авидитет од 0.4-0.5 не може да разграничи помеѓу стара и нова инфекција.Овие пациенти треба да се тестираат повторно 3-4 седмици подоцна.
Авидитет над 0.5 и повеќе оди во прилог на мината инфекција, постара од 4 месеци.
* Цена на тестот: 950,00 ден.
* Потребен примерок: серум или плазма
* Време на изработка: Во рок од 24 часа
За какви било дополнителни информации или прашања, слободно контактирајте нѐ на нашите телефони 02/3079-700
Со почит,
Тимот на ПЗУ Авицена Лабораторија