DiabeGene – тест за одредување генетска предиспозиција и ризик од појава на Дијабет тип 1
Дијабетес мелитус тип 1 е најчеста форма на дијабетес кај децата и младите возрасни.
Тоа е заболување кое влијае на способноста на организмот да ја претвори гликозата од храната во енергија. Во повеќето случаи, дијабетесот тип 1 се развива рано во животот и често се дијагностицира за време на детството.
Болеста започнува кога имунолошкиот систем ги напаѓа клетките во панкреасот што произведуваат инсулин и се карактеризира со субтотално (> 80%) или целосно уништување на клетките на панкреасот (бета-клетките на панкреасните Лангхерансови островчиња), предизвикани од автоимуна реакција (лимфоцитен инсулитис).Панкресот не создава инсулин или го создава во многу мали колични, и затоа овие пациенти се зависни од инсулин.

Генетика на тип 1 Diabetes mellitus
Генетската предиспозиција има многу важна улога во етиологијата на дијабет тип 1.
Со одредување на одредени гени (варијанти на ХЛА алели), може да се одреди каква е генетската предиспозиција и колкава е вeројатноста лицето да развие дијабет тип 1 .
Овој тест може да биде корисна алатка за идентификација на индивидуи (деца и тинејџери), кои имаат ризик за развој на дијабет тип 1, со цел да се направи добар план за следење на нивната состојба.
Освен тоа, со тестот не само што се прави и стратификација на ризик (среден или висок ризик), туку истиот дава и информација дали постои генетска комбинација која има „заштитнa” улога на организмот од појава на болеста.

Цена на тестот: 6850 денари
Достапна без закажан термин во сите лаборатории на Авицена Лабораторија.
Потребен примерок: крв
Издавање резултати за 1 работен ден.