Во време кога информираноста и превенцијата се клучни за здравјето на мајката и бебето, правиме значаен чекор напред во унапредување на достапноста на современата пренатална дијагностика. Со воведувањето на NIFTY неинвазивниот пренатален тест по промотивни цени, испраќаме јасна порака: секоја жена заслужува мирна и информирана бременост.


NIFTY тестот претставува безбеден, едноставен и високо прецизен метод за проценка на ризик од најчестите хромозомски аномалии, вклучувајќи Даунов, Едвардсов и Патау синдром, како и анеуплоидии на половите хромозоми и дополнителни генетски состојби. Со точност поголема од 99%, овој тест е веќе широко применуван во светот, со над 16 милиони направени анализи.
Она што го прави овој чекор особено значаен е нашиот пристап – пренаталната грижа не ја третираме како привилегија, туку како основна потреба. Со поставување на едни од најповолните цени на пазарот, овозможуваме поголем број жени да добијат пристап до врвна генетска анализа, без финансиски бариери.
Тестот е достапен во повеќе пакети, прилагодени на различни потреби, а цените започнуваат од 19.900 денари – значително поповолни од вообичаените пазарни услови. На овој начин активно придонесуваме кон намалување на нееднаквоста во пристапот до здравствени услуги и ги поддржуваме идните мајки да донесуваат информирани одлуки.
Дополнително, NIFTY тестот е целосно неинвазивен – се изведува преку едноставен примерок од венска крв од мајката, без ризик за бременоста, а резултатите се добиваат во рок од 7 работни дена.

Со оваа иницијатива не само што ги следиме светските трендови во медицинската дијагностика, туку и поставуваме нови стандарди во локалниот здравствен систем – каде грижата за пациентите, достапноста и општествената одговорност одат рака под рака.
За повеќе информации и закажување, можете да се обратите во нашата најблиска локација или да го контактирате нашиот центар за корисници на 02 3179 001.
Прочитајте подетално за тестот:
