Одржавме Семеен ден за вработените на Авицена Лабораторија

Авицена Лабораторија одржа Семеен ден – настан посветен на тимскиот дух, заедништвото и вредностите што ги негуваме повеќе од две децении.

Во пријатна и позитивна атмосфера, заедно со нашите вработени и нивните семејства, поминавме ден исполнет со радост, дружење и искрени насмевки. Настанот го осмисливме како можност дополнително да ги зајакнеме меѓусебните односи надвор од работната средина, но во духот на тимот што секојдневно ја гради успешната приказна на Авицена.

Најмладите гости уживаа во креативни игри, забавни активности и специјално подготвена детска програма, додека возрасните имаа можност да се релаксираат, да се дружат и активно да учествуваат во содржините на настанот.

Посебен момент беше оддавањето признание на колегите кои повеќе од една деценија се дел од Авицена Лабораторија. Нивната истрајност, професионалност и посветеност се темелот врз кој ја изградивме нашата лидерска позиција во лабораториската дејност.

Веќе 20 години Авицена Лабораторија е препознатлива по врвниот квалитет, довербата на пациентите и тимот кој постојано се стреми кон напредок. Семејниот ден уште еднаш потврди дека нашата најголема сила се луѓето – нивната енергија, заедништво и заедничка визија.

Продолживме посветено да го негуваме тимскиот дух и вредностите што нè обединуваат, останувајќи фокусирани на она што е најважно – здравјето и благосостојбата на секој поединец.