fbpx

Организирана посета на ученици од 3-то одделение од ОУ „Љубен Лапе“- Скопје

Во рамките на воспитно образовната програма по предметот општество за трето одделение, на барање на ОУ „Љубен Лапе“- Скопје, ни беше задовоство да организираме посета во Авицена Лабораторија за учениците од III-4 одд. од истоименото училиште.

За време на посетата учениците се запознааа со улогата на една лабораторија, начинот на кој се врши земање и анализирање на примероци, како да се грижат за своето здравје, а се запознаа и добија слика за можна идна професија: лаборантски техничар, инженер биохемичар и доктор специјалист по медицинска биохемија и доктор специјалист по микробиологија.

Од страна на вработените на ПЗУ Авицена Лабораторија на децата им беа презентирани работните простории, опремата и основните лабораториски активности, а посебно воодушевување кај децата предизвика инструментот за визуелизација на вени.

На крај, неизбежен дел беше и посетата на Детското Катче, опремено со разни содржини наменети на децата.