Пријавувањето за Авицена Женска трка 2026 е отворено

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје на 5 април 2026 ќе се одржи  14. издание на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.
Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст.

Програма

Настанот е предвиден да се одржи по следниот редослед:
• 09.40 – Аеробик загревање
• 10.00 – Старт на трка на 3км
• 10.45 – Прогласување на најдобрите
• 11.00 – Доделување награди од Лотаријата

По прогласувањето на најдобрите, следува доделување на наградите од лотаријата, извлекувањето ќе се одржи во живо еден ден пред трката на местото каде што ќе се подигнуваат стартните броеви. Во лотаријата учествуваат сите пријавени учеснички во трката со стартен број. Подароците ќе бидат обезбедени од партнерите на трката.

Котизација

• до 20.02.2026 / 400 денари
• до 31.03.2026 / 450 денари

Рокот за пријавување е и рок за уплата на котизацијата. 

Пријавете се до 25 март 2026 и вашето име ќе биде испишано на стартниот број.
Рокoт за пријавување трае најдоцна до 31 март 2026. На денот на трката не е можно пријавување.

Подигнување на стартните броеви ќе биде на 3 и 4 април, од 11.00 до 19.00 часот, локацијата ќе биде дополнително одредена.

НАПОМЕНА:  Во случај на презакажување на трката заради било какви причини уплатените средства не се рефундираат, пријавата ќе важи за следната трка.

Стартен пакет

• стартен број со чип
• вода
• учество во лотарија
• подароци од спонзорите

Подигнување на стартните пакети ќе биде на 3 и 4 април, од 11.00 до 19.00 часот , локацијата ќе биде дополнително објавена.

Подигнувањето на стартниот пакет мора да биде направено лично од секоја учесничка.

Маица – дополнителен продукт

При процесот на регистрација како дополнителен продукт може да купите и памучна маица со логото на трката. 
Цена на маицата е 350 ден.

Маиците ќе се подигаат на 3 и 4 април при издавање на стартните пакети.

Награди

По завршувањето на трката ќе бидат доделени наградите од лотаријата и прогласување на најдобрите. 
Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три (според Chip Time) по возрасни категории.

По прогласувањето на најдобрите, следува доделување на наградите од лотаријата, извлекувањето ќе се одржи во живо еден ден пред трката на местото каде што ќе се подигнуваат стартните броеви. Во лотаријата учествуваат сите пријавени учеснички во трката со стартен број. Подароците ќе бидат обезбедени од партнерите на трката.

Категории

• до 12 години
• до 14 години
• до 18 години
• до 30 години
• до 40 години
• до 50 години
• до 60 години
• до 70 години
• 70+ години

Услови за учество во трката

На следниов линк се наведени условите за учество кои се составен дел од вашата пријава и кои ги прифаќате при регистрација за трката. Ве молиме прочитајте ги пред да направите пријава
https://zenskatrka.mk/uslovizaucestvo/

Патека

Старт и цел на трката ќе бидат на бул. Илинденска, во близина на фонтана Лотос,  се трча еден круг од 3 км.