Во пресрет на почетокот на учебната година, Авицена Лабораторија повторно организира Конкурс и ги повикува сите деца на возраст до 10 години да ја преточат својата креативност во форма на цртеж на тема „Кога ќе пораснам сакам да бидам…“.
› Почнувајќи од сабота (3ти Септември) па до петок (9ти Септември), фотографијата од цртежот на Вашето дете испратете ја преку порака (inbox) на официјалната facebook страница на Авицена Лабораторија https://www.facebook.com/avicenalabmk
› Во сабота (10ти Септември) сите испратени фотографии ќе бидат објавени во албум. Фотографиите кои од 10.09 – 14.09 ќе соберат најмногу лајкови ќе добијат вредни подароци.
› Имињата на најкреативните ќе бидат објавени во четврток (15ти Септември) после 12.00 часот. ПЗУ Авицена Лабораторија на сите ученици им посакува среќна и успешна учебна година.