На ден 06.12.2013 год. (петок), сo почеток во 12:30 часот, беше одржан Стручен состанок на Здружението на лекари по општа медицина-семејна медицина на Р.Македонија, под покровителство на Авицена Лабораторија.
Состанокот се одржа во Градска Општа Болница „8-ми Септември” – Скопје и на истиот беа одржани следните предавања:
1. Проф.д-р Милена Петровска, Институт за микробиологија и паразитологија, Медицински факултет Скопје
„Значењето на Пнеумослајд тестот во дијагнозата на респираторните инфекции-искуства од Институт за микробиологија и паразитологија”
2. Д-р Бранко Јагликовски,спец.по медицинска биохемија- Авицена Лабораторија
„Приод кон интерпретација и клиничко евалуирање на резултати од лабораториски анализи во секојдневната пракса ”
3. Д-р Иванка Хаџи-Петрушева Мелоска, спец. микробиолог-Авицена Лабораторија
„Параметри од интерес при толкување на најчестите микробиолошки испитувања-приказ на случаи”
По завршување на работниот дел, дружењето продолжи со коктел, организиран од Авицена, во фоајето пред кино салата.
Овој состанок преставуваше уште една можност за размена на меѓусебни искуства од областа на лабораториската медицина, со цел унапредување на здравјето на нашите пациенти.
