fbpx

Рекорден број на учеснички на Авицена Женска Трка 2019

Традиционално, на 31 март 2019 (недела) се одржа седмото издание на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА 2019 – најголемата и најзабавната трка за жени во државата.

И оваа година имаше рекорден број на пријавени учеснички, над 2400, рушејќи го минатогодишниот рекорд и потрврдувајќи ја популарноста на трката која континуирано расте од година во година.

Учесничките на Авицена Женската трка истрчаа 3 километри на булеварот Илинден, манифестирајќи силна желба да се биде дел од масовна спортска манифестација која ги обединува жените од сите возрасти.

И оваа година Авицена Лабораторија беше насловен спонзор како институција која секогаш се грижи за унапредување на здравјето и го поддржува спортот и здравиот начин на живеење. На изложбените штандови на Авицена Лабораторија, сите присутни имаа можност да се запознаат со анализите и услугите, директно од стручниот тим на Авицена Лабораторија, како и од многуте информативни материјали богати со едукативни и корисни содржини.

Тимот на Авицена Лабораторија им честита на сите учеснички за постигнатите резултати.