fbpx

Соработка со Здружението за хумано-општествен развој Проект Среќа

Авицена Лабораторија потпиша Меморандум за соработка со Здружението за хумано-општествен развој Проект Среќа

Како дел од нашите активностите за помош во заедницата и и поддршка на категории на граѓани на кои им е потребна помош, Авицена Лабораторија потпиша Меморандум за соработка со Здружението за хумано-општествен развој Проект Среќа.

Проект Среќа е фокусирано на подобрување на квалитетот на живеење на сите деца, кои од различни причини се борат со различни проблеми во секојдневниот живот.  

Соработката помеѓу Авицена Лабораторија и Проект Среќа ќе овозможи достапност на неопходните лабораториски услуги, потребни за одржување на добра здравствена состојба и интервенција во вонредни здравствени случаи, за децата со статус социјален ризик.