9 април 2025, Скопје – Одржавме стручен состанок заедно со Здружението на општа – семејна медицина (ЗЛОМ-СМ) на тема „Интерпретација на резултати од лабораториски анализи и значење на синдромско тестирање“. Настанот се одржа во хотел Double Tree by Hilton, Скопје.
Присутните имаа можност да проследат три едукативни предавања од нашите реномирани доктори: д-р Тодор Илиев и д-р Суад Мешиќ зборуваа за анализи кај анемии и воспалителни процеси, д-р Константин Ицев ги презентираше предностите на синдромското тестирање, а м-р Матилда Танеска Стојаноска ги сподели најновите достигнувања во молекуларната дијагностика во нашата лабораторија. Настанот беше акредитиран како стручен состанок при ЛКМ и МЛД.
Особено сме горди што на овој настан присуствуваа повеќе од 240 гости.
Настанот беше и одлична можност да го најавиме нашиот голем јубилеј – 20 години постоење на Авицена Лабораторија. Со континуирана иновација и експертиза, остануваме лидери во областа на лабораториската дијагностика, секогаш чекорејќи напред со најсовремени медицински решенија и со безрезервна посветеност кон здравјето на нашите пациенти.











