Центарот за Даунов синдром по повод овој ден почна кампања со слоганот „Сите во ист свет живееме”.
За овогодинешниот Светски ден на лицата со Даунов синдром, беа посветени серија настани и активности на тема што во Македонија сѐ уште се смета за табу: „Сексуално и репродуктивно здравје на лицата со Даунов синдром”. Со цел да се подигне свеста за оваа важна тема, „Трисомија 21 – Скопје” се здружи со невладината организација „ХЕРА”, во чија сфера на дејствување се здравственото образование и истражување.
Авицена даде поддршка на лицата со Даунов синдром овозможувајќи бесплатни испитувања во лабораторијата.
Дауновиот синдром е хормозомопатија која се јавува на 21 хромозом и кај лицата со оваа болест наместо два има три хромозоми. Годинава заеднички чинител на сите земји што се вклучуваат во кампањата по повод Светскиот ден на Дауновиот синдром е носењето шарени чорапи. Лицата со Даунов синдром треба да бидат прифатени како рамноправни учесници во општеството кои се способни да ги бараат своите права, способни да живеат осмислен живот и да придонесат кон градење на инклузивно одржливо општество.
