Авицена Лабораторија со особена чест и задоволство учествуваше на 6-тиот Конгрес и 26-тиот Симпозиум со меѓународно учество во организација на Здружението на лекари по општа-семејна медицина (ЗЛОМ-СМ), кои се одржаа од 15 до 18 мај 2025 година во хотел DoubleTree by Hilton во Скопје.
Конгресот се одржа под мотото „Дијагноза и превенција во семејната медицина – Патоказ кон иднината“, додека Симпозиумот беше насловен „Силата во рацете на семејниот лекар“ и беше посветен на сексуално преносливите инфекции.
Авицена Лабораторија активно учествуваше на настанот со свој изложбен штанд, каде што ги претстави најновите услуги, дијагностички тестови и иновации во областа на лабораториската дијагностика.
На Конгресот и Симпозиумот учествуваа еминентни домашни и странски предавачи, а беа споделени значајни искуства и ставови во врска со лекувањето, дијагнозата и превенцијата на заболувања на ниво на примарната здравствена заштита, со посебен фокус на справувањето со сексуално преносливите инфекции, особено кај младата популација.


