fbpx

Успешно спроведена надворешна контрола на квалитет од страна на NSTAND за тестовите за COVID-19

Авицена Лабораторија се здоби со INSTAND сертификати за имунолошките тестови за COVID-19, во рамките на редовната надворешна контрола за квалитет во месец октомври.

Програмите за надворешна контрола за работата и перформансите на една лабораторија се прифатени низ целиот свет, како неопходна алатка за објективна проценка. На овој начин се постигнува дополнителна контрола и сигурност во точноста на изработените анализи и издадените резултати.

Овие сертификати уште еднаш потврдуваат дека имунолошките тестови за COVID-19 кои се работат во Авиценa Лабораторија се точни, прецизни и со врвен квалитет, проверени и сертифицирани.

Сертификатите можат да се погледнат во галеријата во продолжение.