Нашите неинвазивни пренатални тестови NIPT VERAgene и NIPT VERACITY се меѓу најпрецизните тестови за рано откривање генетски нарушувања кај бебето, со висока точност и целосно безбедни за мајката и плодот.
✨ Новитет кој го подобрува пренаталното искуство:
Од сега, двата теста се проширени со уште три дополнителни микроделеции:
- Прадер-Вили синдром
- Ангелман синдром
- Cri-du-chat синдром
Овие три микроделеции претставуваат ретки, но клинички значајни генетски нарушувања, а нивното вклучување им овозможува на идните родители уште поцелосен увид во генетското здравје на нивното бебе.
🧪 Цената и сите услови за тестирање остануваат непроменети.
Испитувањето е едноставно, безбедно и се прави од примерок венска крв на мајката, а резултатите ги добивате брзо и сигурно.
Со ова проширување, нашата цел е да обезбедиме уште поголема сигурност, мир и поддршка за секоја бременост.
За сите дополнителни информации, нашиот тим е достапен и подготвен да ви помогне. 💙