fbpx

Важно известување за пациентите во врска со уредно пополнети упати

СООПШТЕНИЕ ЗА ПАЦИЕНТИ

за

УРЕДНО ПОПОЛНЕТИ ЕЛЕКТРОНСКИ УПАТИ

Почитувани,

Ве известуваме дека сите издадени упати за лабораториски анализи од матичните лекари (образец ЛУ-1), ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да бидат уредно и точно пополнети.

Кога е потребно да се изврши испитување на анализите Tиреостимулативен хормон (TSH) и Гликохемоглобин (HbA1C), во упатот задолжително мора да биде внесена дијагноза од лекар специјалист ,,Diabetes mellitus во случај на испитување на HbA1C, односно дијагноза на,,хипотиреоза во случај на испитување на TSH.

ПЗУ Авицена Лабораторија, согласно член 18 точка 35 од Договорот склучен помеѓу ФЗОМ и ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА, не смее да прифати издаден ЛУ-1 образец доколку во истиот не е наведена дијагнозата по МКБ 10, од страна на матичниот лекар.

Доколку Лабораторискиот упат – Образец ЛУ1 не биде уредно пополнет согласно горенаведените инструкции, ПЗУ Авицена Лабораторија ќе биде спречена да го прими истиот и лабораториските испитувања за потребите на пациентите нема да можат да бидат извршени на товар на ФЗОМ.

           
Ви благодариме на соработката и воедно ве информираме дека сите матични лекари се информирани во врска со обврската и горенаведените пропишани правила од страна на ФЗОМ.

Со почит,

ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА