Ве информираме дека Авицена Лабораторија будно ги следи и спроведува сите заклучоци, мерки и препораки на Владата на РСМ за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), усвоени на ден 10.03.2020 година.
Во таа насока, активно ќе ги следиме сите препораки и одлуки и благовремено ќе Ве информираме за евентуално одложување на претстојната Авицена Женска Трка, која е закажана на 05.04.2020 година.
Во меѓувреме, сите заедно да ги почитуваме потребните превентивни мерки и препораки од надлежните институции.