Ви ја претставуваме можноста за самостојно земање примерок за ХПВ тест, во домашни услови, без посета на гинеколог. За сите жени, девојки, дами кои сакаат да ја избегнат непријатноста од преглед кај гинеколог, кои сакаат веднаш да се тестираат, но немаат време да закажат термин кај својот гинеколог или поради било каква друга причина.
Четката Evalyn е развиена специјално за да ги задоволи барањата на жените, истата е лесна и безбедна за користење. Се што треба да направите е да ја посетите најблиската наша лабораторија, да го подигнете комплетот Evalyn, да земете примерок сами следејќи ги упатствата и во рок од 24 часа по земање на примерокот, да го донесете го за обработка во Авицена Лабораторија.
Со направен ХПВ тест, можете да го спречите ракот на грлото на матката во рана фаза, да направите генотипизација и да откриете можни 19 високоризични типови и 9 нискоризички типови на ХПВ и да побарате навремен третман.
Четката Евалин е валидирана во многу студии и различни скрининг програми. Се користи во 53 земји во светот, отсега за првпат и во нашата земја, достапна во Авицена Лабораторија. Благодарение на уникатниот дизајн на четката, се гарантира доволно и точно земање клеточен материјал за обработка на примерокот подеднакво (99.8%) ефикасен како примерок земен од страна на доктор/гинеколог.
Хуман папиломавирус (ХПВ) е најчеста сексуално пренослива инфекција и водечка причина за рак на грлото на матката кај жените. Инфекциите со ХПВ често се асимптоматски и можат да останат „тивки“ многу години пред да почнат да се манифестираат со било какви симптоми. Ова е особено опасно бидејќи, без да имате било какви симптоми може да настанат промени во вашите цервикални клетки, што може да доведе до рак на грлото на матката. Најдобар начин за спречување на болеста и рано откривање на ракот на грлото на матката е редовниот скрининг за ХПВ вирус.
Прочитајте подетално за Evalyn brush на следниот линк.