Нашата новогодишна работилница решивме да ја посветиме на помагање и споделување грижа за најранливите категории на граѓани, која е од особена важност во овој тежок период на пандемија со COVID-19 вирусот.
За таа цел, денес нашите вработени се приклучија во иницијативата на Ретвитни Оброк (Retweet a meal), каде зготвивија топли оброци, кои ќе бидат поделени на сиромашни и бездомни лица од страна на здружението Вистински дела на љубезност.
Граѓанската иницијатива „Ретвитни оброк” заедно со здружението „Вистински дела на љубезност” веќе шест години помагаат на социјално загрозени лица
Ги поттикнуваме сите компании и поединци да се приклучат во оваа одлична иницијатива #РетвитниОброк




